12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeРегионСловенија воведува задолжителен божиќен бонус за сите вработени, еве која е сумата

Словенија воведува задолжителен божиќен бонус за сите вработени, еве која е сумата

- Advertisement -spot_img

Заменик претседателот на Владата на Словенија, Матеј Арчон објави дека исплатата на божиќен бонус на сите вработени, и во јавниот и во приватниот сектор, ќе стане задолжителна не само оваа година, туку и во сите идни години. Според предлогот, износот на божиќниот бонус ќе изнесува половина од бруто минималната плата, што значи дека работниците ќе добиваат бонус од 639 евра оваа година. Овој износ ќе биде неоданочлив и ослободен од придонеси за работодавачите, пишува РТВ СЛО.

„Компаниите кои имаат проблеми со ликвидноста ќе имаат можност да го исплатат овој зимски бонус со задоцнување, најдоцна до 31 март 2026 година“, рече Арчон, објаснувајќи дека исплатата на надоместокот за одмор е веќе регулирана на сличен начин. За да се избегнат проблеми со бизнисот, владата предвиде и посебен исклучок за оваа година.

„Оние компании кои нема да можат да вршат плаќања и имаат проблеми со ликвидноста, ќе можат да исплатат само една осмина од минималната плата оваа година, која моментално изнесува 160 евра“, рече Арчон, истакнувајќи дека во тој случај на компанијата нема да ѝ биде дозволено да исплаќа дивиденди или бонуси на менаџментот.

Работодавците ја гледаат можноста за исплата на намален божиќен бонус како „одраз на добра волја“, но бараат понатамошно приближување на ставовите и утре ќе се сретнат со премиерот Роберт Голоб.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img