домаМакедонијаСлавјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

- Advertisement -spot_img

Пратеничката во македонското Собрание, Славјанка Петровска, вчера (23 август) учествуваше на Националниот молитвен појадок на Украина кој се одржа во Кијив. Како што соопштуваат од Собранието, овој значаен духовен и дипломатски настан ги обединува политичките, верските, граѓанските и меѓународните лидери во напорите за мир, единство и правда.

Годинешното издание на Молитвениот појадок, кој се одржува под покровителство на украинскиот претседател, има посебно историско значење бидејќи се совпаѓа со одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Во собраниското соопштение се посочува дека на настанот присуствувале високи украински претставници, меѓународни партнери, семејства на загинати борци и хуманитарни организации.

Во рамките на посетата, Петровска остварила средба со Игор Жовква, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина. Од Собранието информираат дека на средбата била реафирмирана силната и недвосмислена поддршка од Република Северна Македонија за украинскиот народ и нивните напори за постигнување праведен и траен мир.

За време на настанот, на пратеничката Петровска ѝ беше врачен орденот „Принцеза Олга“ (прв степен). Ова високо признание ѝ беше доделено од претседателот на Украина на 4 септември 2023 година, како благодарност за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените способности на земјата.

„Учеството на Петровска претставува израз на солидарноста и поддршката од Република Северна Македонија кон украинскиот народ и институции, во време кога земјата продолжува да го брани својот суверенитет, независност и територијален интегритет“, се заклучува во соопштението.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img