HomeМакедонијаСлаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

Слаб снег на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

- Advertisement -spot_img

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по наместа влажни коловози, додека на Попова Шапка се бележат слаби врнежи со остатоци од кашест снег.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Авто-мото сојузот на Македонија апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, потсетуваат дека поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила до 31 март 2026 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img