Во однос на социјалата, Филипче истакна дека економијата е за луѓето, не за газдите, и затоа СДСМ не нуди само бројки, туку сосема нов социјален договор. Мерката, според него, предвидува пораст на платите на работниците и 50 отсто поголеми пензии.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со медиумите ја презентираше новата предлог-програма, која како што рече, преку инклузивен процес и широка дебата со членството, граѓаните и експертите, ќе биде усвоена на програмскиот конгрес на СДСМ, кој ќе се одржи на 7 јуни.








