2.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСкопје домаќин на 14-тиот Глобален форум за одржлива енергија (IFESD 14) -...

Скопје домаќин на 14-тиот Глобален форум за одржлива енергија (IFESD 14) – иднината е во одржливи решенија

- Advertisement -spot_img

Скопје од денеска до 30 октомври е домаќин на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), кој оваа година се одржува под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“. Настанот привлече рекорден број учесници – повеќе од 600 делегати од 70 земји, меѓу кои креатори на политики, владини претставници, експерти, академици, банки, компании од енергетскиот сектор и граѓански организации.

Во рамките на тридневната програма се најавени над 35 панелски сесии со повеќе од 150 експерти кои ќе дебатираат за клучни теми: енергетска безбедност и отпорност, финансирање на чиста енергија, дигитализација на енергетските системи, управување со критични суровини, праведна транзиција, како и улогата на младите и жените во енергетската трансформација.

Свеченото отворање се одржа во Македонската филхармонија, каде говореа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, извршната секретарка на Економската комисија на ОН за Европа (UNECE) Татијана Молчан, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и премиерот Христијан Мицкоски.

Министерката Божиновска истакна дека иднината припаѓа на диверзифицирани, одржливи и сигурни енергетски решенија:

„Енергетската транзиција не е трка меѓу држави, туку заедничко патување. Ниту една земја не може сама да се справи со климатските предизвици. Нашата улога, како лидери, е да создадеме услови оваа транзиција да биде фер, одржлива и инклузивна,“ рече таа.

Таа додаде дека Македонија е подготвена да биде активен коавтор на решенијата, нагласувајќи дека земјата располага со потенцијал, со луѓе и институции кои сакаат да се докажат, и со генерација која не сака да чека, туку да создава.

Форумот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со УНДП и петте регионални комисии на Обединетите нации: UNECE, UNESCAP, UNECLAC, UNECA и UNESCWA.
Настанот се одвива во согласност со глобалните цели за одржлив развој и со заклучоците од минатогодишниот форум во Бангкок, со јасен фокус на праведна транзиција и меѓународна соработка.

Како завршен документ на форумот ќе биде потпишана „Скопје декларацијата“, која ќе ги обедини заложбите на учесничките земји за одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Со ова, Македонија ја зацврстува својата позиција како сигурен и кредибилен партнер во европската и глобалната енергетска транзиција.

Форумот се смета за најзначаен регионален собир посветен на иднината на енергетиката, каде Македонија за првпат има централна улога како домаќин на светските енергетски лидери.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img