Во кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска ќе се одржи централната прослава по повод Денот на македонската полиција – 7 Мај.
На настанот ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, а ќе присуствуваат и министри, претставници на дипломатскиот кор и други гости.
Прославата продолжува од 17:30 часот на паркингот пред Градското собрание со презентација на полициска опрема и дружење со граѓаните, додека од 18:00 часот на „Школка“ е предвиден музичко-забавен хепенинг.








