33 годишниот гостиварец кој го уби сопствениот татко се обидел да ги прикрие трагите, а телото на починатиот го подготвувал за погреб. Меѓутоа настанот бил откриен преку пријава од анонимен граѓанин од странски телефонски број, по што полициски службеници излегле на лице место, а увид извршил и јавен обвинител кој наредил обдукција – откркива истрагата на Обвинителството.
За 33 годишникот се бара притвор поради опасност од бегство. Ова е последен во низата случаи на семејно насилство кои завршија со фатален исход во изминатиов период во земјава.








