домаМакедонијаСилно невреме ја погоди Битола – улиците под вода

Силно невреме ја погоди Битола – улиците под вода

- Advertisement -spot_img

Силно невреме проследено со пороен дожд вечерва ја зафати Битола, при што повеќе улици низ градот беа поплавени, а сообраќајот на одредени локации беше значително отежнат.

Според објавените видеоснимки, големи количини вода за кратко време се слеале по градските улици, претворајќи ги во вистински водотеци. Возачите се движеа внимателно низ поплавените делници, додека пешаците се обидуваа да ги избегнат најкритичните места.

Невремето е дел од нестабилната временска состојба што денес ја зафати земјава, со локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер во повеќе региони.

Засега нема официјални информации за повредени лица или за поголеми материјални штети, но надлежните служби ја следат состојбата и апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење и да избегнуваат поплавени улици додека водата не се повлече.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img