Силен земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди американската сојузна држава Тексас, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).
Епицентарот на земјотресот, кој се случи на длабочина од 5,6 километри, бил на 37 километри јужно-југоисточно од градот Спирман, наведе USGS, пренесуваат медиумите.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.






