- Преземање активности за подигнување на билатералните односи на уште повисоко ниво од сегашното, можноста за отворање на резидентна Амбасада на Индија во земјава, но и зајакнување на економската соработка биле дел од темите на кои денеска во Скопје се осврнале претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзината индиска колешка, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на Македонија и која е прва посета на индиски претседател на државава.






