HomeРегионШуга во училишта и градинки во Белград, ја има и кај работници...

Шуга во училишта и градинки во Белград, ја има и кај работници во Крагуевац

- Advertisement -spot_img

Оваа година, во Србија се регистрирани нови случаи на шуга, болест што често се смета за речиси искоренета во современи услови. Според порталот Нова.рс, пријавени се случаи на шуга во неколку основни и средни училишта во Белград, како и во градинка и дом за ученици. Недолго потоа, инфекцијата е регистрирана и кај работници во Крагуевац. Поради стравот од можно ширење на инфекцијата, некои граѓани наведуваат дека избегнуваат да го користат јавниот превоз.

– Луѓето имаат тенденција да ги обвинуваат другите за своите проблеми, па затоа некои го вперија прстот кон азиските работници вработени во Крагуевац. Но, инфекцијата може да му се случи секому. Во нашата земја, многу луѓе живеат во тешка сиромаштија и лоши услови, без соодветна хигиена, поради што појавата на шуга, за жал, не изненадува – изјави инфектологот д-р Лејла Ќераниќ за Нова.рс.

Надлежните институции велат дека е под контрола ситуацијата и дека и претходно се појавувале поединечни случаи на шуга, дури и пред доаѓањето на странските работници.

Шугата е заразна болест на кожата предизвикана од паразит. Најчесто се пренесува преку директен контакт со кожата на заразено лице, но и преку облека, постелнина или други предмети. Најчестите симптоми се интензивно чешање и исипување што наликува на мали мозолчиња.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img