-1.2 C
Skopje
8 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаШтрајк на продавачите и производителите на пазарите во Грција

Штрајк на продавачите и производителите на пазарите во Грција

- Advertisement -spot_img

Намалување на трошоците за производство, укинување на паушалниот начин на оданочување, итно повлекување на дополнителниот данок, се дел од барањата на продавачите и производителите на пазарите низ цела Грција, кои од денеска започнаа штрајк на неодредено време, по заедничка одлука на нивните федерации.

Од федерациите велат дека немале друг избор освен да започнат штрајк, објаснувајќи дека иако производителите и земјоделците своите производи ги пласираат по ниска цена, политиките што се применуваат го зголемуваат трошокот во секоја фаза од дистрибуцијата.

-Националниот штрајк на неодредено време испраќа порака во сите насоки. Пазарите ги поддржуваат домаќинствата, земјоделците и потрошувачите. Нема да дозволиме да станат жртви на политики што водат кон монополизација на пазарот, изобличување на цените и девалвација на примарниот сектор“, соопштија од федерациите.

Со штрајкот, сите пазари во Грција, од денеска се затворени на неодредено време.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img