Супервештачењето во судскиот процес за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска покажало пропусти во постоперативниот период.
Пропусти во постоперативниот период по извршениот царски рез на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар, на која по породувањето и беа отстранети три органи – матка, јајник и бубрег, покажале резултатите од супервештачењето од судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје.
Одговорноста, според презентираниот извештај ја сноси докторот – хирург кој ја извел интервенцијата, во случајот првоосомничениот, гинекологот Мухамед Асани.
Од обвинителен предлог, како што рече пензионираната д-р Верица Попоска од Институтот на судска медицина и криминалистика, се гледало дека второобвинетиот д-р Блертон Асани во тек на извршување на хируршката интервенција бил специјализант и не можело да сноси одговорност за интервенцијата и евентуалните компликации пост интервенцијата. Одговорност за случајот не посочи ниту кај третообвинетата д-р Лилјана Јовановска, која не била работа во постоперативниот период.
Во вештачењето, како што рече д-р Попоска, е наведено дека по царскиот рез, на 27 август 2020 година на пациентката и се влошила состојбата и направените анализи на крвта покажале намалување на вредностите.
Судењето треба да продолжи в петок со сослушување на обвинетите и завршни зборови.








