Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, поднесе оставка од таа позиција по речиси пет години на чело на Канцеларијата на високиот претставник, потврди N1 Sarajevo.
Германскиот дипломат веќе го информирал Управниот одбор на Советот за имплементација на мирот (PIC) за својата намера, барајќи да ја започне постапката за избор на нов висок претставник.
Шмит ќе продолжи да ги извршува сите редовни должности со полн капацитет сè додека не заврши процесот на назначување на неговиот наследник.








