домаСпортШкендија го победи Вардар, па изби конфликт меѓу фудбалерите

Шкендија го победи Вардар, па изби конфликт меѓу фудбалерите

- Advertisement -spot_img

Дерби дуелот од 2 коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Шкендија мина во знакот на вицепрвакот од Тетово. Дуелот одигран во Скопје, заврши со победа на Шкендија со 2-0.

Во првиот дел вардарци беа оние кои најлесно ја имаа топката во свој посед и напаѓаа. Сепак, тие напади беа јалови, а од нив може да се издвојат само обидете на Пулео во 13 минута и на Родриго со глава.

Тетовци, пак, само еднаш се заканија по вардаровиот гол.

На стартот на вториот дел, гостинскиот тренер Положани направи три измени, а тоа веднаш донесе и резултат.

Во 50 Нзенгуе уфрли во вардаровиот шеснаесетник, а на Фабрис Тамба не му беше тешко да ја затресе мрежата за водство на Шкендија од 0-1.

Сенегалецот беше стрелец и на вториот гол во 76-тата минута за 2-0.

По последниот свиреж на судијата Трпчевски, дојде и до поголема гужва на теренот меѓу повеќе играчи на двете екипи, па дисциплинската комисија на ФФМ допoнително ќе има полни раце работа.

Имено, на теренот прво избувнаа турканица и вербална расправија, по што дел од играчите се степаа.

Соиграчите, членовите на стручните штабови и службените лица веднаш реагираа.

Тие ги раздвојуваа фудбалерите и спречија поголема ескалација.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img