домаМакедонијаШест активни пожари на отворено, три под контрола, 31 пожар изгаснат

Шест активни пожари на отворено, три под контрола, 31 пожар изгаснат

- Advertisement -spot_img

Центарот за управување со кризи информираше за пожарите на отворен простор во земјава до 07:30 часот. Како што соопштија од ЦУК, регистрирани се вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се 6 пожари, под контрола се 3 пожари, а изгаснати се 31 пожар.

6-те активни пожари се во Општина Студеничани: над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума); Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Битола: с. Лопатица (ниска вегетација); Општина Новаци: с. Маково, с. Мојно и с. Брник (ниска вегетација и деградирана шума); Општина Крушево: потег с. Алданци – с. Норово (нискостеблеста деградирана дабова шума) и Општина Велес: с. Слп (шума).

Пожари под контрола се 3 и тоа во Општина Делчево – градска депонија (депонија), Општина Могила – с. Лознани и с. Вашарејца (ниска вегетација) и во Општина Јегуновце – с. Копанце (шума).

Од ЦУК информираат дека 31 пожар е изгаснат, во Општина Сарај, во Прилепско, Кривогаштани, Крушево, Долнени, Ново Село, Кавадарци, Велес, Чашка, Јегуновце, во Тетовско и Гостиварско, во Куманово, Охрид и Струга.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img