домаСветШЕФОТ НА ЦИА ЈА ПРЕДУПРЕДИЛ РУСИЈА ДА НЕ НАПАЃА ЧЛЕНКИ НА НАТО...

ШЕФОТ НА ЦИА ЈА ПРЕДУПРЕДИЛ РУСИЈА ДА НЕ НАПАЃА ЧЛЕНКИ НА НАТО И ДА НЕ МУ ПОМАГА НА ИРАН

- Advertisement -spot_img

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ги предупредил руските претставници во Москва оваа недела да не го ескалираат конфликтот со американските сојузници во НАТО, особено Естонија, Латвија и Литванија, според две лица запознати со разговорите.

Тој, исто така, го искористил ненајавеното патување во руската престолнина за да изврши притисок врз Русија да ја намали воената и економската поддршка за Иран, кажаа изворите.

Веста за патувањето на Ретклиф во Русија, каде што пристигна во вторникот со воен транспортен авион, предизвика бурни шпекулации во Вашингтон и Европа, бидејќи тоа беше прва посета на директор на ЦИА на Москва од крајот на 2021. Бил Бернс тогаш го предупреди Владимир Путин да не ја напаѓа Украина, но руските сили ја преминаа границата само три месеци подоцна.

Кремљ кажа дека Рeтклиф разговарал со претставници на руското разузнавање при посетата на Москва, но не се сретнал со Путин. Сергеј Наришкин, шефот на руската служба за надворешно разузнавање СВР, потврди дека имал работен состанок со Ретклиф и дека разговарале за прашања што спаѓаат во надлежност на нивните разузнавачки служби.

За Доналд Трамп, посетата на Ретклиф била „полурутинска“, додавајќи дека нешто би можело да произлезе од неа.

„Мразам да ги разочарувам луѓето, но ниту една од гласините околу посетата не е точна. Прерано е да се каже каков ефект ќе има оваа средба врз санирањето на билатералните односи помеѓу САД и Русија“, кажа Трамп.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img