Какви објекти може да се градат, а што треба да биде забрането на падините на Водно. Откако од „Шанса за Центар“ алармираат дека со актуелните плански решенија се предвидува обемна урбанизација на овој простор, дел од експертите укажуваат дека Водно од парк шума се претвора во опасност за градот.
Професорот Зоран Шапуриќ, кој е и поранешен министер за животна средина вели дека претераната урбанизација на Водно, освен што влијае врз загадувањето на воздухот ја зголемува опасноста од поголемо лизгање на земјиштето.






