HomeШоубизСЕНИДАХ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Концертот го закажа на 14 февруари!

СЕНИДАХ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Концертот го закажа на 14 февруари!

- Advertisement -spot_img

Регионалната музичка икона Сенидах
го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026
година
, во СЦ
„Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах
ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската
престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува
стандардите на регионалните live настапи.

Својата кариера ја гради
храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот
музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B,
трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е
единствен во регионот и препознатлив глобално.

Од соработки со уметници
како Дино Мерлин, Цоби,
Џала Брат и Буба
Корели, 
Раф Камора,
до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради
статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена.
Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината,
бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и
понатаму доминираат на топ-листите.

Организацијата ја
потпишува SKYMUSIC, а
публиката во Скопје ја очекува продукција на светско ниво – моќен звук, силна
визуелна режија и сценски дизајн што го следи секој ритам и емоција на
нејзиниот автентичен израз. Тоа ќе
биде концерт кој ја потврдува Сенидах како една од најхрабрите и најдоследни
авторки на денешната регионална музика.

Влезниците за концертот на Сенидах почнувајќи
од денес 
се достапни
преку бесплатната апликација eFinity и преку
платформата Wayin.mk.

Извор: vecer.mk

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img