HomeСпортСекој 1 мај е тажен: 32 години од смртта на Аиртон Сена!(ФОТО)

Секој 1 мај е тажен: 32 години од смртта на Аиртон Сена!(ФОТО)

- Advertisement -spot_img

За вистинските фанови на спортот, посебно за оние на Формула 1, секој 1 мај е тажен. Имено на 1 мај 1994 година Аиртон Сена на патеката во Имола за време на Ф1 трката го загуби својот живот. Според многумина иконата на овој спорт, според многумина најголемиот во овој спорт.

1 мај засекогаш ќе остане еден од најтажните датуми во историјата на Формула 1 и мотоспортот. Денес се навршуваат 32 години од смртта на трикратниот светски шампион во Формула 1, Аиртон Сена. Бразилецот го загуби животот на 34-годишна возраст за време на Големата награда на Сан Марино на патеката Имола по сериозна несреќа.
Во седмиот круг, Сена удри во бетонскиот ѕид на кривината Тамбурело со брзина од над 230 км/ч. Беше однесен во болница, но набргу потоа беше прогласен за мртов. Сена имаше 161 старта во Формула 1, од кои победи на 41. Бразилскиот возач забележа 65 пол позиции. Викендот во Имола во 1994 година се памети и по смртта на Роланд Раценбергер, кој почина во квалификациска несреќа во саботата.
Затоа тажен е секој 1 мај, еве веќе 32 години на секој 1 мај се потсетуваме на никогаш непрежалениот Бразилец.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img