8.8 C
Skopje
7 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСекојдневен пекол на повредените деца во Кочани: Голем дел се уште се...

Секојдневен пекол на повредените деца во Кочани: Голем дел се уште се лекуваат со донации

- Advertisement -spot_img

Со тешки изгореници кои се уште не се доволно зараснати и психички се уште недоволно закрепнати, повредените од смртоносниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ кои се во работен однос, секој месец мораат да се појавуваат пред комисија за продолжување на боледувањето.

Наместо фокус на лекување и рехабилитација, тие повторно и повторно се соочуваат со административни процедури, кои, според нивните семејства, дополнително ја влошуваат и физичката и психичката состојба на настраданите. Родителите на повредените бараат државата да ја поедностави постапката и да им овозможи подолг период на боледување.

По трагедијата која одзеде 63 човечки животи, родителите на повредените, од кои дел беа и во животозагрозувачка состојба, бараат и поголема финансиска поддршка од државата. Посебен проблем, како што велат, се патните трошоци за оние кои и понатаму неколку пати месечно мораат да патуваат на третмани во болници надвор од земјата. Дополнителен товар се и скапите креми, лепенки и лекарства кои ќе им бидат неопходни со години за соодветна нега и закрепнување. Родителите посочуваат дека генерално се задоволни од третманот кој повредените го добиваат во локалните болници, но реагираат на односот во дел од скопските клиники.

Паралелно со институционалните барања, продолжува и хуманитарниот апел за помош. Граѓанската иницијатива „Support Kocani“ ја интензивира кампањата за донации, посочувајќи дека силиконските лепенки и специјалните креми се од клучно значење за долгорочната нега на најтешко повредените. Од иницијативата предупредуваат дека закрепнувањето од вакви повреди е долг и тежок процес кој може да трае со години и дека поддршката не смее да запре, бидејќи настраданите имаат долга борба пред себе и им е потребна солидарност од целата заедница.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img