Седумдесетгодишна жена од струшкото село Мислодежда починала синоќа во Медицинскиот центар во Струга, откако претходно била тешко повредена во сообраќајна несреќа.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила на 21 февруари 2026 година околу 16:30 часот на улицата „Струшки Кепенци“ во Струга, кога товарно возило „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Н.О. од Струга, удрило во 70-годишната И.И.
По несреќата, повредената веднаш била пренесена во струшката болница за укажување лекарска помош, но подоцна им подлегнала на повредите.
На местото на настанот увид извршила увидна екипа од ОВР Струга. Во 21:40 часот полициски службеници го лишиле од слобода возачот Н.О., а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.








