Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и за политички систем и за односи меѓу заедниците, како и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана е второто читање на Предлог на закон за изменување на Законот за гранична контрола и Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледува амандманите на Предлог на закон за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. Според информациите на веб-страницата на Собранието, за законот се поднесени 26 амандмани.








