домаМакедонијаСедници на неколку комисии денеска во Собрание

Седници на неколку комисии денеска во Собрание

- Advertisement -spot_img

Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија и за европски прашања, како и Буџетскиот совет.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледува годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025 година, како и повеќе посебни извештаи на Антикорупциската комисија поврзани со финансирањето на изборните кампањи.

На дневен ред се и годишниот извештај за спроведувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година, за периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, како и завршниот извештај за реализацијата на стратегијата. Членовите ќе дискутираат и за новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година.

Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе разгледува предлози за ратификација на повеќе меѓународни договори и протоколи, меѓу кои и договорите со Словенија и Португалија за соработка во областа на одбраната.

На дневен ред на оваа комисија е и Предлог-законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање. Истиот предлог-закон ќе го разгледува и Комисијата за европски прашања.

Буџетскиот совет ќе расправа за Предлог-стратешкиот план на Собранието за периодот 2027-2031 година, предлог-одлуката за финансиска согласност на Годишниот план за вработување во собраниската служба за 2027 година, како и за Предлог-буџетот на Собранието за 2027 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img