домаМакедонијаСе закажува третата седница на Советот на општина Струмица

Се закажува третата седница на Советот на општина Струмица

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Советот на општина Струмица, Никола Маџунков, врз основа на Законот за локална самоуправа и Деловникот за работа на Советот, донесе Решение за свикување на третата седница на Советот.

Седницата ќе се одржи на 04 декември 2025 година (четврток), во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10:00 часот.

На седницата ќе се разгледуваат повеќе значајни точки, меѓу кои:

Усвојување на записникот од втората седница на Советот

Решенија за престанок и верификација на мандат на член на Советот

Предлог-одлука за измена на распоредот на буџетските средства на општина Струмица за 2025 година

Одлуки за доделување парична помош на граѓани од Струмица

Повеќе урбанистички проекти и планови за парцелација на катастарски парцели во Струмица, Куклиш и Вељуса

Предлог-решенија за разрешување и именување членови во управни и надзорни одбори на јавни претпријатија и институции

Извештаи за работењето на јавните претпријатија „Паркиралишта – Струмица“, „Стационар – ЛАНА“, „Струмица-Гас“ и „Струмица – Транспорт“ за периодот јануари – септември 2025

Програма за работа на Домот за деца и млади „Благој Мучето“ за 2026 година

Од општината информираат дека материјалот за третата точка ќе биде доставен дополнително до одржувањето на Комисијата за финансии, буџет и локален економски развој.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img