Полицијата, спасители и нуркачи трагаат по 32-годишен скопјанец кој исчезнал додека престојувал со својот татко во автокамп во Охрид.
Како што соопшти МВР, вчера во 18:10 часот во СВР Охрид, З.С. од Скопје пријавил дека неговиот син Б.С.(32), со кого престојувал во автокамп, го напуштил кампот.
На плажата потоа биле пронајдени дел од неговите алишта, мобилен телефон и гумен чамец.
Веднаш по пријавата, полициски екипи од езерската полиција и СВР Охрид, заедно со членови на Спасителската планинарска служба и нуркачки тим од нуркачкиот клуб „Охрид“, почнале пребарување во водите на Охридското Езеро и на копно.






