Попладнево на социјалните мрежи беше објавена снимка на која наводно се гледа како проф. д-р Игор Кузмановски, директорот на Клиниката за неврологија, зборува за купување кокаин додека изгледа како да подготвува „линии“ за шмркање во домашна атмосфера.
Само два часа откако се појави снимката, Министерството за здравство информираше дека министерот Азир Алиу донел решение за разрешување на Кузмановски од позицијата директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија. Во соопштението не се споменува компромитирачката снимка и не се наведуваат причините за експресното разрешување на директорот.
Видеото беше објавено на социјалната мрежа „Икс“.
„Во најкраток рок ќе биде именуван нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката продолжува непречено“, пишува во соопштението од министерството.









