домаМакедонијаСе обезбедуваат примероци на угинати птици

Се обезбедуваат примероци на угинати птици

- Advertisement -spot_img

Тим на Агенцијата за храна и ветеринарство и скопски комуналец по пријави од граѓани на терен ќе собираат угинати птици кои ќе се тестираат на вирусот на западнонилската треска. Ова за МТВ го потврдија од АХВ од каде велат дека тимот кој бил формиран минатата недела веќе собрал примероци, но тие биле неупотребливи за анализа.

„До Агенцијата за храна и ветеринарство се пристигнати повеќе пријави од граѓани за угинати птици. Во таа насока, минатата недела беше формиран посебен тим кој во петокот излезе на терен и во соработка со ЈП Комунална хигиена – Скопје обезбеди примероци од угинатите птици. Првичниот преглед покажа дека примероците се суви и непогодни за анализа. Од тие причини од понеделник тимот на терен ќе обезбедува нови примероци за анализа“, велат од АХВ.

Професорот Џаџовски од Ветеринарниот факултет за МТВ вели дека кај нив до сега е доставен само еден примерок, гавранот кај кого беше потврден вирусот, но очекува деновиве да се достават и други примероци за анализа. Иако нема опасност заразата да ја пренесе мртва птица, познавачите апелираат да не се допираат угинати животни и птици, или ако тоа се прави со цел да се тргнат од двор или приватен имот да се користат заштитни ракавици.

Од западнонилска треска до сега починаа петмина.

Заклучно со петокот, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести најмногу случаи на западнонилска треска има во Италија, Грција, Шпанија, Македонија и Романија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img