ЈСП има 341 автобус, дневно исправни се 185, а во работа се пуштаат само 157 автобуси, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.
Истовремено, за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно.








