Во спортските кругови многу се зборува за регионални лиги, а единствениот спорт што ја одржува таа приказна повеќе од две децении е кошаркарската АБА-лига. Постоеше и СЕХА-лига во ракометот, но таа брзо се смени од регионална во европска, па пропадна целата таа приказна. Сепак, ракометот би можел да ја врати својата регионална приказна во форма на лигашко натпреварување.
Според „balkan-handball“, се разгледува основање регионална ракометна лига, но со клубови од три земји. Лигата би се состоела од клубови од Македонија, Србија и од Црна Гора. Затоа нема да има клубови од Босна и Херцеговина, Хрватска и од Словенија во овој нов формат, барем на почетокот.
Во лигата би играле четирите најдобри македонски клуба: Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид. Од Србија, веројатно, би биле артизан и Војводина, а од Црна Гора – Ловќен и Будва.
Ова е идеја што би започнала со популаризација на ракометот на територијата на поранешната држава.
Доколку се оствари идејата, тоа би значело дека тимовите, најверојатно, ќе го пропуштат првиот дел од сезоната во домашните првенства, по моделот на кошаркарската АБА-лига. Лигата со десет клуба би имала двокружно натпреварување, а првите четири тима би оделе во плејофот.
Во некои ракометни кругови се шпекулира дека оваа приказна би била и тест на теренот за регионална ракометна приказна. Можеби, во иднина ќе се загреат и клубови од Хрватска, Словенија, како и од Босна и Херцеговина. Клупскиот ракомет во овие области е во опаѓање и, сигурно, едно вакво натпреварување би го подигнало квалитетот, но и рејтингот.
Исто така, се зборува за формирање женска ракометна лига во овие








