СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба од страна на Град Скопје и донесување итни мерки.
Советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје поднесе иницијатива за свикување вонредна седница на Советот на Град Скопје.
„Бараме поддршка од сите советнички групи во Советот да ја оджиме оваа седница и да утврдиме заклучоци и итни мерки. Здравјето на скопјани е во прашање и затоа заедно да донесеме мерки за решавање на проблемот.
На самата седница ние ќе предложиме мерки: Бесплатен јавен превоз во деновите кога воздухот е загаден, да се побараат пари од владата за бесплатни филтри на оџаците на големите загадувачи, пренамена на пари за прочистувачи, за граѓаните за еколошко греење, да се донесе забрана за греење со дрва и јаглен во подрачја со достапно централно греење, понатаму расчистување на дивите депонии на територија на Град Скопје, миење на улиците, пари за еколошки проекти.
Не може да има пари за милионски тендери за испумпување на парите на граѓаните, 9 милиони евра за само една фирма, или 161 тендер за друга фирма а да нема пари за скопјани.
Не може богатењето на поединци во власта да биде поважно од здравјето на скопјани“, реагира СДСМ.







