HomeТехнологијаSamsung најавува глобална соработка за Galaxy S26 Ultra по повод премиерата на...

Samsung најавува глобална соработка за Galaxy S26 Ultra по повод премиерата на „Ѓаволот носи Прада 2“ во кината

- Advertisement -spot_img
Започнува глобална маркетинг кампања со специјални содржини во кои учествува Хелен Џ. Шен
Samsung ја претставува првата „Runway Cam #withGalaxy“, камера на модната писта со Galaxy, на светската премиера на „Ѓаволот носи Прада 2“, истакнувајќи ја професионалната камера на Samsung Galaxy S26 Ultra

Samsung денес започна глобална соработка со цел да го означи претстојното прикажување во кината на филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ (орг. The Devil Wears Prada 2) на “20th Century Studios“. Соработката вклучува специјално видео во кое се појавува Хелен Џ. Шен (Helen J. Shen) како нејзиниот лик „Џин“, која беспрекорно исполнува барање побарано од Миранда Присли (Miranda Priestly) во последен момент, користејќи ја функцијата Circle to Search  со Google на новиот Galaxy S26 Ultra.

https://youtube.com/watch?v=dHoVUajjwaM%3Ffeature%3Doembed

Како дел од глобалната соработка, Galaxy S26 Ultra блесна во полн сјај на црвениот тепих за време на светската премиера на „Ѓаволот носи Прада 2“. Во активација која би ја направила горда дури и Миранда Присли, Galaxy S26 Ultra беше искористен за да ги сними прекрасните модни комбинации на присутните на црвениот тепих. Со тоа беше претставена првата досега „Runway Cam #withGalaxy“ (камера на модната писта со Galaxy), која испорача неверојатни професионални снимки со кинематографско чувство, подготвени за објава на социјалните мрежи.

Ѕвездите како Хајди Клум (Heidi Klum), Пејџ ДеСорбо (Paige DeSorbo) и Хана Бернер (Hannah Berner), Хелен Шен (Helen Shen) и Вини Харлоу (Winnie Harlow) позираа пред објективот на S26 Ultra за да ги овековечат своите незаборавни изгледи, кои можете да ги погледнете подолу.

Корисничката на S26 Ultra и инфлуенсерка Хејли Калил (@hayleebaylee) учествуваше во ова фото-искуство.

„Апсолутно го обожавам ’Ѓаволот носи Прада‘ и како член на тимот на Galaxy, едноставно вљубена сум во мојот Galaxy S26 Ultra,“ изјави Хејли. „Да се види како тие два света се спојуваат тука, на црвениот тепих и да се споделат сите мои омилени карактеристики на серијата Galaxy S26 со заедницата која исто така го сака овој филм, беше навистина најдоброто искуство.“

Хејли исто така сподели на социјалните мрежи како ги користела карактеристиките на својот Galaxy S26 Ultra, како што е Circle to Search со Google, за да се подготви за премиерата.

Погледнете како Хејли се подготвуваше за настанот тука

Circle to Search со Google на Galaxy S26 Ultra е подготвен за модната писта

Samsung и Google стапија во партнерство за серија креативни видеа сместени во универзумот на „Ѓаволот носи Прада 2“, за да споделат како технологијата, како што е Circle to Search со Google на S26 Ultra, е „тајната шифра“ за останување смирен во ситуации со висок притисок.

Сакате да проверите дали серијата Galaxy S26 е вистинскиот избор за вас? Посетете ја официјалната страна на “Samsung“ и подгответе се за „Ѓаволот носи Прада 2“, во кината од 1 мај.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img