домаТехнологијаSamsung најави UFS 5.0 меморија, први ќе ја добијат Galaxy S27 моделите

Samsung најави UFS 5.0 меморија, први ќе ја добијат Galaxy S27 моделите

- Advertisement -spot_img
Масовното производство на UFS 5.0 би требало да започне во четвртиот квартал од оваа година, а во мобилните телефони ќе се појави во текот на 2027 година.

Samsung го најави развојот на новата генерација на меморискиот стандард UFS 5.0, за кој тврди дека носи до двојно поголеми перформанси во споредба со актуелниот UFS 4.1.

Според наводите на компанијата, UFS 5.0 се базира на најновата JEDEC спецификација за вградени системи за складирање податоци и овозможува секвенцијални брзини на читање до 10,8 GB/s и запишување до 9,8 GB/s.

Компанијата наведува дека повисоките брзини би требало да ја намалат латенцијата и да го подобрат одзивот на апликациите кои користат големи јазични модели (LLM), односно AI функции кои се извршуваат директно на уредот без потпирање на cloud инфраструктура.

Покрај зголемувањето на перформансите, Samsung тврди дека UFS 5.0 е повеќе од 40% енергетски поефикасен од UFS 4.1. Новиот мемориски пакет притоа зазема и 16,7% помалку простор, што на производителите им остава повеќе место за други компоненти или батерии со поголем капацитет.

Масовното производство на UFS 5.0 треба да започне во четвртиот квартал од оваа година, а новата меморија ќе биде достапна во капацитети до 1 TB. Се очекува првите уреди со оваа технологија да се појават на пазарот во текот на следната година, а веројатно токму смартфоните од Galaxy S27 серијата ќе бидат први што ќе добијат ваков тип на меморија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img