Според тврдењата на доверлив кинески дојавувач, познат по своите точни информации за Samsung, јужнокорејската компанија би можела да ја укине Galaxy Z Flip линијата смартфони. Тоа би значело дека Galaxy Z Flip8 ќе биде последниот модел од оваа серија.
Вакви шпекулации сме слушале неколкупати во изминатите години, но никогаш не доаѓале од реномирани извори како Ice Universe. Во тоа време тие не звучеа убедливо, особено ако се земе предвид дека пазарот на преклопни уреди беше во подем.
Сепак, неколку години подоцна, ваквата драстична одлука на Samsung почнува да звучи нешто поверојатно. Пред сè, цените на RAM меморијата растат, што ги принудува производителите да наплаќаат повисоки цени за своите паметни телефони. Како пример може да послужат неодамна претставените Motorola Razr 70 и Razr 70 Ultra. И двата уреди се значително поскапи, а Motorola зголемувањето на цените го оправдува со поскапувањето на компонентите.

Второ, на западните пазари веќе нема многу преклопни телефони во „clamshell“ формат. Oppo, Xiaomi, vivo и Honor или ја прекинаа продажбата на своите преклопни телефони во Европа и САД, или никогаш не ги понудија надвор од кинескиот пазар. Така, Samsung и Motorola остануваат единствените производители кои во својата понуда имаат ваков тип преклопни паметни телефони.
Сè уште е прерано да се каже дали оваа информација навистина е точна, но наместо целосно укинување на серијата Flip, можно е да видиме привремена пауза во нејзиниот развој.






