Постојат моменти кога ја забележуваме технологијата не затоа што е невидлива, туку затоа што е едноставно исклучителна
Замислете да пуштите песна од вашиот омилен изведувач и за миг да почувствувате како повеќе да не сте дома, туку на само неколку реда оддалеченост од сцената. Или да ги гледате градските светла во некоја филмска сцена кои не само што се појавуваат на екранот, туку изгледа како навистина да ја осветлуваат просторијата. Или пак, да следите спортски пренос кој веќе не изгледа како обично гледање на натпреварот, туку ве вовлекува директно во акцијата. Токму во оваа трансформација на гледањето во доживување лежи суштината на новата генерација Micro RGB телевизори на Samsung.
Светлина, боја и детали на ново ниво
Со својата сопствена Micro RGB технологија, “Samsung”отвора ново поглавје во премиум квалитетот на сликата. Во срцето на оваа иновација се индивидуално контролираните црвени, зелени и сини микро ЛЕД диоди (micro LEDs), кои овозможуваат исклучително прецизна контрола на светлината. Ова се преточува во попрецизна репродукција на боите, побогат контраст и ниво на детали кои се истакнуваат дури и во најпредизвикувачките сцени.

Со BT.2020 покриеност на бои и технологијата MicroRGB Precision Color 100, сликата станува пополна, поживописна и неверојатно реална. Не станува збор едноставно за поинтензивни бои, туку за поголема автентичност – суптилните тонски разлики, текстури и премини во светлината изгледаат забележително поприродно.
Micro RGB телевизорите се достапни во големини од 55 до импресивни 115 инчи, јасно покажувајќи дека оваа технологија е дизајнирана за оние кои сакаат искуство на голем екран, без компромиси во однос на квалитетот на сликата.
Интелигентна оптимизација на секоја сцена
Вештачката интелигенција (AI) додава уште една димензија на доживувањето. Micro RGB AI Engine Pro ги прилагодува бојата, движењето и перцепираната длабочина во реално време врз основа на содржината што се гледа, што резултира со слика која делува поинтуитивно, поглатко и попредизвикувачки за сите сетила.
Технологиите Micro RGB Color Booster Pro и Micro RGB HDR Pro дополнително ги оптимизираат контрастот, светлината и живописноста на сликата од сцена во сцена, осигурувајќи дека брзите секвенци, потемните филмски моменти и содржините со драматични контрасти на осветлување ја задржуваат својата интензивност и јасност.
Беспрекорното искуство на гледање е дополнително унапредено со технологијата Glare Free, која ги минимизира рефлексиите на светлината и помага да се одржи јасна слика дури и во силно осветлени простории. Ова значи дека извонредниот квалитет на сликата не е резервиран само за затемнето вечерно гледање.

Приказната на Samsung за премиум екрани
Експертизата на Samsung во напредната технологија на екрани се рефлектира и во неговите QLED телевизори. Тие го добија сертификатот Real Quantum Dot Display од меѓународно признатото тело за сертификација TÜV Rheinland, потврдувајќи ја автентичната технологија на квантни точки преку присуството на посветен слој на квантни точки, доволна концентрација на квантни точки и сино позадинско осветлување. Ова е уште еден доказ за посветеноста на “Samsung” кон развивање решенија за екрани изградени врз докажани технолошки темели.
Сепак, Micro RGB ја носи оваа приказна еден чекор подалеку. Бидејќи, можеби иднината на телевизијата не е едноставно во гледањето подобра слика. Туку во тоа границата помеѓу екранот и доживувањето речиси целосно да исчезне.








