По повод 20 години како светски број 1 ТВ бренд, Samsung го претставува Micro RGB, откритие во технологијата на дисплеи, заедно со својата најинтелигентна и најперсонализирана ТВ понуда досега, пред европските медиуми и партнери на настанот “Inside Samsung The First Look Europe“ во Ешборн, Франкфурт.
Компанијата Samsung денес ја прикажува својата најнова генерација екрани управувани со вештачка интелигенција и поврзани искуства на настанот “Inside Samsung – The First LookEurope“ во Франкфурт, надградувајќи на дводецениското лидерство како светски бренд број еден за телевизори.
Samsung продолжува да ја редефинира домашната забава преку пионерски иновации во дисплеите, вклучувајќи ја технологијата Micro RGB, заедно со напредни функции управувани со вештачка интелигенција дизајнирани да ги направат екраните поинтелигентни, полични и беспрекорно интегрирани во секојдневниот живот.
“Во Samsung, иновацијата никогаш не е само за тоа што е ново, туку за постојано предизвикување на самите себе за да ги донесеме најдобрите искуства при гледање, каде и да гледате, што и да гледате.” изјави Бенџамин Браун(Benjamin Braun), Главен маркетинг директор на “Samsung Europe“.
“Веќе 20 години сме светски бренд број еден за телевизори, постојано ги предизвикувајќи сопствените стандарди – од моменти водени од дизајнот, како телевизорот ’Bordeaux’ во 2006 година, до револуционерните технологии за екрани како QLED и Neo QLED.
Овие технологии се резултат на години инженерство, дизајнерско размислување и неуморна иновација за да создадат нешто убаво. Денес го отвораме следното поглавје со Micro RGB и низа искуства со вештачка интелигенција кои ги прават нашите екрани попаметни, поинклузивни и полични од кога било досега.”
“Во изминатите 20 години, Samsung секогаш гопредводеше пазарот на телевизори со предизвикувачки дух“, изјави Чарли Беј (Charlie Bae), Директор за продуктен бизнис менаџмент за телевизори и звучни уреди во “Samsung Europe“. “Тоа размислување продолжува и денес. На настанот ’Inside Samsung The FirstLook Europe’, горди сме што ја претставуваме Micro RGB и нов бран иновации управувани од вештачка интелигенција на европскиот пазар, кои ги поместуваат границите на она што луѓето го очекуваат од еден телевизор.”

Претставување на Micro RGB – нова ера во технологијата на дисплеи
Во срцето на понудата на Samsung за 2026 година е Micro RGB, откритие во инженерството на дисплеи што го редефинира начинот на кој боите се произведуваат на екранот.
За разлика од конвенционалните телевизори кои се потпираат на бели задни осветлувања и филтри за бои, Micro RGB користи индивидуално контролирани црвени, зелени и сини LED диоди, секоја помала од 100 микрометри, за директно продуцирање на боја.
Резултатот е неспоредливо искуство при гледање, со исклучителна осветленост, контраст и репродукција на бои верни на реалните, постигнувајќи 100% покриеност на бои според стандардот BT.2020.
Првично претставен со модел од 115 инчи, “Samsung“ ја проширува Micro RGB палетата во 2026 година со нов водечки дисплеј од 130 инчи, заедно со поширока понуда која опфаќа големини од 55, 65, 75, 85 и 100 инчи, носејќи ја оваа технологија од следната генерација во повеќе домови од кога било досега.
За уште подобро искуство, тука е Micro RGB AI Engine, кој ги оптимизира сликата и звукот во реално време, кадар по кадар. Со прецизно контролирање на осветленоста, контрастот и деталите во сенките, тој овозможува длабоко имерзивно и природно искуство при гледањето кај сите видови содржини.
Серијата Micro RGB ќе биде достапна во Европа од мај.
Попаметни, полични екрани со Vision AI Companion
“Samsung“ телевизорите од 2026 година го воведуваатVision AI Companion, интелигентен слој дизајниран да ја направи интеракцијата со вашиот телевизор поприродна и поинтуитивна.
Со напредно разбирање на природен јазик, корисниците можат да бараат информации, препораки или помош од нивниот телевизор во реално време, без разлика дали гледаат неизвесен фудбалски натпревар, пребаруваат рецепти од кулинарска емисија или бараат локални искуства инспирирани од она што се прикажува на екранот.
Функциите управувани од вештачка интелигенција вклучуваат:
• Оптимизација на слика со помош на вештачка интелигенција (ВИ): Процесорот на “Samsung“ со вештачка интелигенција ја анализира содржината што се репродуцира, а потоа ја оптимизира сликата и звукот за да одговараат, без разлика дали се оптимизира за фудбалски терени или музички траки, целта е да се користат најдобрите бои за прикажаната акција.
• Професионален контролер на звук со вештачка интелигенција: првото решение што ви овозможува да го приспособите секој елемент од аудио миксот на вашиот телевизор во реално време и тоа со едноставни, контекстуални гласовни команди.
• Режим за фудбал со вештачка интелигенција: го дава најдоброто “седиште“ за целата акција, препознавајќи ја играта на екранот и оптимизирајќи ги поставките за искуство како на стадион, директно во вашата дневна соба.
Важно е што Vision AI Companion е достапен во целата палета на ТВ-уреди од 2026 година, вклучувајќи ги и UHD моделите.

Проширување на OLED иновациите со гледање без одблесоци
“Samsung“ продолжува да ја развива својата OLED понуда во 2026 година, проширувајќи ја “Glare-Free“ технологијата за гледање без одблесоци на повеќе модели, вклучувајќи ги S90H, S95H и S99H.
Со намалување на одблесоците без да се наруши точноста на боите, технологијата “Glare-Free“ обезбедува доследно искуство при гледање кое е верно на реалноста во секакви услови на осветлување, без разлика дали гледате дневна содржина или вечерни спортски настани.
Водечкиот модел S99H исто така воведува усовршен дизајн со ѕиден држач Zero Gap, овозможувајќи елегантна, речиси рамна инсталација што ја подобрува и естетиката и леснотијата на поставување.
Екрани дизајнирани за сечиј животен стил
Самсунг продолжува да ја реосмислува улогата на телевизорот во домот, со производи дизајнирани да ги одразуваат индивидуалните животни стилови и простори.
The Frame Pro се надградува на иконскиот “lifestyle“ телевизор на “Samsung“, комбинирајќи Neo QLED квалитет на слика без одблесоци, со дизајн инспириран од уметноста и Wireless One Connect Box за почиста и пофлексибилна поставеност.
Samsung исто така го претставува Movingstyle – пренослив, сè-во-едно паметен екран со вградена батерија и интеракција на допир, дизајниран лесно да се преместува помеѓу простории, од дневни соби до домашни канцеларии, одразувајќи ја еволуирачката, флексибилна природа на модерниот живот.
Имерзивен звук и дизајн
Најновите аудио иновации на “Samsung“ го надополнуваат неговото лидерство во технологијата на екрани, со воведувањето на Music Studio 5 и 7, доставни вопродажба од мај 2026, Wi-Fi звучници дизајнирани во соработка со Ерван Буруле (Erwan Bouroullec). Комбинирајќи ја префинета естетика со звукот со висока верност, тие носат ново ниво на топлина и израз во домашната аудиотехника.
За поголеми собири, Sound Tower испорачува моќен звук што ја исполнува просторијата со динамичната функција Party Lights, овозможувајќи да ги персонализирате боите на вашиот тим пред големото спортско лето оваа година.

Создадено за иднината: Безбедност и долговечност
Како што вештачката интелигенција станува централна за домашното искуство, “Samsung“ ја зајакнува својата посветеност на безбедноста и долгорочната вредност.
Сите телевизори од 2026 година се заштитени со Samsung Knox Security, со што се штитат личните податоци и поврзаните уреди, додека нуди седум години надградби на оперативниот систем Tizen OS, обезбедувајќи континуиран пристап до најновите функции, можностите на вештачката интелигенција и безбедносните подобрувања.
Редефинирање на иднината на домашната забава
Со Micro RGB, Vision AI и континуиран фокус на дизајнот и персонализацијата, “Samsung“ влегува во нова ера на иновации во дисплеите.
Со комбинирање на најсовремената технологија со значајни кориснички искуства, Samsung покрај тоа што ја одржува својата позиција како водечки светски бренд за телевизори, продолжува и да ги поместува границите на технологијата на телевизори.
За повеќе информации за целосниот асортиман на телевизори на Samsung со подобрени AI-технологии, ве молиме посетете ја официјалната страница на “Samsung“.
Избор: Konekt.mk








