9.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeШоубиз„Саманта“ (69) остава без зборови колку е убава и згодна: Актерката изгледа...

„Саманта“ (69) остава без зборови колку е убава и згодна: Актерката изгледа нереално на прагот од осмата деценија (ФОТО)

- Advertisement -spot_img

Ким Катрал (69) и нејзиното момче синоќа присуствувале на свечен настан организиран од модната куќа Џими Чу во Лондон. Познатата актерка направила вистински моден погодок во фустан со средна должина, кој ја истакнал нејзината витка линија.

Познатата Саманта од “Сексот и градот“ за јавни настани најчесто избира фустани кои ги откриваат нејзините витки нозе, но синоќа малку ја промени таа навика. И сепак, во оваа комбинација ја воодушеви публиката со својата исклучителна убавина. Годините ги „измами“ мајсторски.

Нејзиниот партнер, Расел Томас, е 14 години помлад од неа. Таа го запознала во 2016 година, кога работел како тонски инженер во Би-Би-Си.

„Беше актер“, се потсетила таа во интервју за „Тајмс“ објавено во април и додала: „Имаше неверојатно интересен живот и навистина живееше според своите правила. Малку е бунтовник, а тоа ми се допаѓа“.

Таа открила детали за нивната врска. „Заедно сме скоро 10 години. И одлично се забавувавме. Едноставно, толку многу ни беше забавно“.

Ким Катрал сака да зборува за својата љубов, па за „People“ изјавила: „Многу ми е пријатно во негово друштво. Тој е страствен и има остро чувство за хумор. И пријатен за очите!“.

Актерката зад себе има три брака. Нејзиниот прв сопруг бил Лари Дејвис, со кого била во брак од 1977 до 1979 година. Во 1982 година се омажила за Андреа Ј. Лајон, а разводот следел во 1989. Трет сопруг ѝ бил Марк Левинсон, а бракот траел од 1998 до 2004 година.

„Го сакам, и вредеше да го чекам“, говорела таа за сегашниот партнер.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img