Во соопштението се вели дека станува збор за Мухамед Абдулвахаб ал-Ахмад, член на групата Ансар ал-Ислам, поврзана со Ал Каеда, објави Ал Џезира.
Командантот на Централната команда на САД, адмирал Бред Купер, изјави дека американските сили на Блискиот Исток работат на попречување и уништување на активностите на терористичките групи кои планираат и извршуваат напади.
„Нашите сили ќе продолжат да ги штитат САД, нивните сојузници и партнери во регионот и низ целиот свет“, рече Купер.
Коалицијата предводена од САД повремено ги напаѓаше лидерите на Исламска држава и Ал Каеда во Сирија како дел од своите операции.






