домаСветРуски дронови ги нападнаа Харков и Киев – повредени се повеќе од...

Руски дронови ги нападнаа Харков и Киев – повредени се повеќе од 20 лица, меѓу кои и осум деца

- Advertisement -spot_img

Најмалку 22 лица се повредени во синоќешниот руски напад врз Харков, вклучително и осум деца, додека четворица се повредени во Киев, соопштија украинските власти.

Во Харков, нападот погодил станбена зграда во населбата Салтивка, при што биле уништени два ката, објави „Укринформ“.

Според градоначалникот на Харков, Игор Терехов, бројот на повредени се искачил на 22, додека претходно беше пријавено дека се повредени 16 лица.

Екипите на итните служби работат на местото на нападот и ги расчистуваат урнатините.

Во Киев биле оштетени згради во четири окрузи, а избувнале и пожари во деловни објекти.

Во округот Подилски била оштетена нестанбена зграда, покривот бил делумно уништен, а од ударниот бран биле искршени прозорците на блиската станбена зграда.

Дрон погодил приватна куќа на два ката во округот Холосијив, при што било повредено едно лице.

Пожари избувнале и во деловни објекти во окрузите Печерски и Шевченковски, пренесува „Танјуг“.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img