домаМакедонијаРочиште за поранешниот директор на „Комунална хигиена“

Рочиште за поранешниот директор на „Комунална хигиена“

- Advertisement -spot_img

Во Кривичниот суд рочиште за поранешниот директор на Комунална хигиена, Сабахудин Рустеми. Обвинет е дека во октомври 2025 спречил навремено собирање на сметот, а главниот град тонеше во отпад. Обвинителството гледа вина и кај управителот за отпад во претпријатието, Аки Саити, па двајцата ги гони за загрозување на животната средина со отпад.

Рустеми и Саити, според обвинителството со умисла не ги спроведувале плановите за управување со комуналниот отпад, дополнително, и не се грижеле за исправноста на опремата и уредите за собирање на сметот. Така, двајцата обвинети овозможиле да се создадат депонии на јавни и сообраќајни површини, наведуваат од Обвинителството.

За ова кривично дело, предвидена е казна затвор од една до десет години.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img