Според заменик министерот за економија Марјан Ристески, Македонија стигна до најниското ниво на невработеност, под 90 000, а највисоко на вработено работоспособно население, над 910.000.
– Минатата година имаме оторено 15.000 работни места. Тоа се должи на одличните владини политики, на странските инвестиции во ТИРЗ-зоните и на реинвесатирањето на домашните компании. Секако тука се зголемувањето на обемот на работа и квалитетот на новите работни места. Исто така, тоа се должи и на активните мерки кои ги има, не само министерството за економија и труд, туку и другите министерства и владини институции кои им помагаат на невработените луѓе побрзо да најдат работа, посебно младите до 29 години.
Овие бројки се историски. Првпат имаме под 90 000 регистрирани невработени лица, а бројката на вработени лица во Македонија првпат изнесува над 710 000 од работоспособното население. Да напоменам дека и таа бројка од 90 000 невработени не е реална, ако ги исклучиме околу 30 000 кои се занимаваат со земјоделство, а се пријавени во Агенцијата за вработување како невработени, а во работоспособното население, по статистика, се и оние кои учат средно училиште од 16 до 18 годин, а знаеме, во Македонија е задолжително средното образование. Тука би отпаднале 5 000 до 10 000 лица. Па, реалната бројка на невработени во Македонија би изнесувала 40 до 45 000 невработени, или, тоа е околу 5 проценти од работоспособното население, што е историски, најнизок процент на невработени работоспособни луѓе во Македонија, анализира Ристески.








