15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeШоубизРијана роди ќерка, ѝ даде уникатно име

Ријана роди ќерка, ѝ даде уникатно име

- Advertisement -spot_img

Ријана ја сподели убавата вест преку социјалните мрежи.

На објавената фотографија, пејачката ја држи својата новородена ќерка во раце, а го откри и нејзиното име: Роки Ајриш Мајерс, 13 септември 2025 година. Обожавателите ѝ испратија бројни честитки во коментарите по повод новото бебе.

Ријана постојано во интервјуа изјавуваше дека има голема желба да има ќерка. Таа веќе има два сина со ASAP Rocky: тригодишниот RZA и двегодишниот Riot Rose.

Кога неодамна беше прашана како RZA и Riot реагираа на веста дека семејството наскоро ќе се прошири, пејачката со насмевка рече дека се „возбудени“. Новинарите потоа се интересираа дали очекува девојче. – Ќе мора да почекате и да видите – одговори таа тогаш, додавајќи дека третото дете, како и претходното, ќе има име што почнува на буквата R – што сега стана традиција што таа очигледно ја продолжила.

Извор: vecer.mk

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img