HomeМакедонијаРеконструкција на домот на Црн Врв: Тоневски го промовира новиот импулс за...

Реконструкција на домот на Црн Врв: Тоневски го промовира новиот импулс за планински туризам

- Advertisement -spot_img

Денес официјално започна проектот за реконструкција на планинарскиот дом на Црн Врв, кој има за цел подобрување на условите за развој на планинарството, велосипедизмот и заштита на природните убавини на овој туристички локалитет.

Проектот е финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, а ќе се спроведува преку Центарот за развој на Источниот плански регион. Со проектните активности е предвидена целосна реконструкција на објектот и уредување на неговата околина.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 5.300.000 денари, од кои најголемиот дел се обезбедени од Европската Унија, додека Општината учествува со средства во износ од околу 725.000 денари.

Тони Тоневски, градоначалник на општина Пробиштип, истакна дека проектот е значаен за локалниот развој и за промоција на активниот туризам во регионот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img