домаМакедонијаРазбиена голема шема со брзи кредити: 39 лица опфатени, злоупотребиле лични податоци...

Разбиена голема шема со брзи кредити: 39 лица опфатени, злоупотребиле лични податоци и извлекле над 3,1 милион денари

- Advertisement -spot_img

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против шест лица и предлог за издавање казнен налог против уште 33 лица, кои се товарат за учество во организирана шема за злоупотреба на лични податоци, фалсификување исправи и компјутерски измами со брзи кредити.

Според Обвинителството, обвинетите во повеќе наврати и во меѓусебна координација внесувале невистинити податоци во информатичките системи на финансиски друштва, користејќи фалсификувани документи и злоупотребени лични податоци на граѓани за да подигнуваат брзи кредити на нивно име.

Во измамничката шема, како што се наведува, им помагал и службеник вработен во Фондот за здравствено осигурување, кој им обезбедувал ЕЗБО број добиен преку електронскиот систем на институцијата, овозможувајќи им полесно да ги реализираат измамите.

Истрагата покажала дека четворица од обвинетите во периодот од февруари 2023 до јуни 2024 година незаконски прибавиле имотна корист од 2.509.808 денари, додека останатите осомничени во текот на 2022 и 2023 година стекнале дополнителни 659.500 денари. Вкупната противправно стекната корист надминува 3,1 милион денари.

За четири лица кои првично биле опфатени со истрагата, јавниот обвинител донел решение за запирање на постапката. За двајца не биле обезбедени докази за нивна вмешаност, додека двајца починале во текот на постапката.

Случајот ќе продолжи пред надлежниот суд, каде обвинетите ќе одговараат за продолжени кривични дела – фалсификување исправа, злоупотреба на лични податоци и компјутерска измама.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img