домаХроникаРасчистени две кражби во Тетово, приведени се две млади лица

Расчистени две кражби во Тетово, приведени се две млади лица

- Advertisement -spot_img

Две кражби се расчистени од полицијата во Тетово, а за нивно сторување се сомничат две лица, кои биле лишени од слобода.

„На 17.09.2026 во 12:00 и во 14:50 часот во село Порој, тетовско и во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.К.(27) од с.Порој и А.Ц.(19) од Тетово поради постоење основи на сомневање за сторени кривични дела ‘тешка кражба’ по член 236 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека С.К. се сомничи оти ноќта меѓу 15 и 16 септември, со употреба на сила, влегол во продажен објект во Тетово, сопственост на И.О.(52), од каде што одзел пари и повеќе производи.

„Додека, Ш.А.(55) од Тетово пријавила дека А.Ц. со закана од нејзиниот малолетен син одзел пари“, се наведува во соопштението.

Двете лица биле задржани во полициска станица.

„По документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img