-0.2 C
Skopje
21 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаРаководни функции по заслуги – предлог законско решение за вработување во јавната...

Раководни функции по заслуги – предлог законско решение за вработување во јавната администрација

- Advertisement -spot_img

Мерит-принципот ќе стане правило, се најави на денешната прва јавна дебата за предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите.

Законското решение предвидува транспарентна постапка за именување на високораководните функционери, но и јасно ги уредува мандатите и го ограничува изборот. Функциите на високите раководители ќе бидат достапни за сите заинтересирани кандидати под еднакви услови.

Со новиот закон предвидено е да се напушти досегашната пракса на разни правила и минимални формални услови за избор на директори и членови на управните одбори, кои не гарантираа дека институциите ќе бидат раководени од компетентни лица.

Со законот ќе се следат и оценуваат резултатите од работењето на високите ракводители, управните одбори ќе се сведат на три члена, а статусот в.д. ќе стане исклучок строго временски и правно ограничен со максимум траење од шест месеци.

„Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции. Раководителите ќе имаат јасна обврска да испорачуваат резултати. Позицијата веќе не е титула, туку одговорност. Првпат се воспоставува единствена, јасна и системска рамка за именувањето, мандатот, одговорноста и разрешувањето на највисоките раководни позиции во администрацијата – кој, како и под кои услови ги води клучните институции. Воведуваме појасни и унифицирани критериуми за избор на директори, државни секретари и членови на колегијални органи на државната управа, но и за членови на управни одбори за кои досега не постоеја речиси никакви правила“, нагласи министерот за јавната администрација, Горан Минчев.

Според него, со години високите раководни позиции во државната управа и фондовите се уредуваа без единствен пристап, со разни критериуми и недоволно јасни правила.

„Таквата состојба создаде простор за несигурност, нееднаква примена на стандардите и слабеење на институционалниот капацитет. Наместо стабилност и континуитет, честопати добивавме привремени решенија, а наместо јавна одговорност, добивавме нејасни надлежности. Сега со новиот закон правиме обид ваквата состојба системски да ја промениме“ потенцира Минчев.

Тој посебно се осврна на управните одбори.

„Освен што воведуваме изедначени услови за членовите на управните одбори, критериуми за нивна селекција и постапка за нивно именување, со законот составот го намалување на три члена. Наместо бројност, воведуваме квалитет, наместо формално учество, воведуваме реална одговорност. Правната празнина ја пополнуваме, а членовите на управните одбори мора да исполнуваат значителни услови за да дојдат на таа функција. Управните одбори веќе нема да бидат проширени и нефункционални структури без јасен учинок, туку компактни и ефикасни тела составени од лица со соодветни професионални квалификации, знаења и интегритет“ рече министерот.

Невладиниот сектор го поздравува нацрт-законот, но смета дека треба да има извесни корекции, особено во делот на критериумите за состав на комисиите, кои ќе го вршат изборот на кандидатите за директори и други високи позиции во државната управа. Засега, беше предочено, се предвидува министерот да ги составува овие комисии.

Извршната директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП), Неда Малеска-Сачмароска, оцени дека донесувањето на овој закон е исклучително важен политички чекор.

„Законот нуди конкурентност, транспарентост и поголема отчетост зашто јавните огласи ќе бидат објавени на едно централно место – во Агенцијата за администрација и заинтересираните кандидати ќе имаат можност навмрено да се информираат за овие работни позиции. Тоа значи дека работните позиции ќе бидат отворени за една поширока група луѓе и назначувањата нема да бидат по пат на политика. Новина е тоа што управувањето со резултати во институциите ќе биде предмет на опсервација од страна на органите што ги избираат и именуваат раководните лица или владата, мандатот ќе биде врзан со остварување определени цели и телата што ги назначуваат ќе имаат обврска да бараат отчет, а извршните директори ќе бидат обврзани да даваат отчет за остварувањето на целите – истакна Малеска-Сачмароска.

Според неа, ќе има и поотворена, поконкурентна постапка за избор што ќе се темели на стручноста на кандидатите и на нивните компетенции да се справуваат со сериозни, комплексни проблеми, да имаат стратешка визија и да комуницираат меѓусебно.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) оцени дека е потребно донесување дополнителни одредби за зацрстување на одредени критериуми.

„Забелешките се однесуваат главно на обезбедување дополнителни одредби што ќе гарантираат независност во изборот на високите раководни службеници – професионализација, зацврстување на критериумите кој сè може да биде член во комисиите за избор, зашто министерот ја составува комисијата, што веднаш алудира дека ќе може да стави кандидати поблагонаклонети кон изборот што сакаат да се направи. Членовите на комисијата треба да бидат избрани со критериуми, треба да се скрати листата од пет на три, мора да се именува најдобриот прворангиран кандидат на тестовите или интервјуата, а сега дискреционо одлучува министерот – тој може да избере еден од тие пет или тројца. Имаме забелешки и во делот на вршителот на должност“,изјави Филков.

„Мерит“ системот, познат и како „систем на заслуги“, претставува начин на вработување и унапредување во јавната администрација. Во него, клучни критериуми се вештините, вредностите и заслугите на кандидатот. Овој пристап ги исклучува политичката припадност или етничкото фаворизирање, кои според извештаи на невладини организации досега беа честа пракса.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img