Кандидатката за државен јавен обвинител Лидија Раичевиќ во „24 анализа“ порача дека ако стане државен јавен обвинител ќе направи надзор над затворената постапка за “Бонусите на СЈО”.
Раа вели дека ОЈО ГоКК има обврска да го образложи чекор по чекор постапувањето за овој предмет.
„После првото решение ние имавме турбуленции за овој случај, имавме дисциплински постапки, разрешувања. Јас лично реагирам на толкави износи на пари. Јас во одлуката на ОЈО ГОКК препознавам дека основот е цитиран е дека кривичното дело не претставува дело кое се гони по службена должност, не можам да го расчленувам затоа што не сум го прочитала. Но сметам дека старешините на ОЈО ГОКК се должни ова решение јавно да го образложат. Да кажат од кои причини кривичното дело не е дело кое се гони по службена должност, да кажат какви дејствија се преземени и хронолошки да ги објаснат сите детали. Препорачувам новиот државен обвинител веднаш да го објави тој предмет. Ако има докази внатре преднетот треба да стигне до судска завршница” – изјави Раичевиќ.
Како што вели, според неа СЈО е „скршен колк“ за ОЈО бидејќи не испорачале и не ги оправдале очекувањата.
„Очекував многу повеќе од СЈО, да видиме конкретен резултат и многу повеќе завршени предмети“,вели Раичевиќ
Таа тврди дека никогаш не подлегнала на политички притисоци и ги немала.
„Апсолутно со моето искуство, стаж, образование сметам дека сум избор за државен јавен обвинител и очекувам позитивно мислење и од Совет на ЈО и на Владата“, пoтенцира Раичевиќ.








