46-годишен маж од Турција е тешко повреден додека изведувал градежни работи на автопатот Гостивар-Кичево.
– На 17.09.2025 во 15:55 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со повреди е донесен М.А.(46) од Република Турција. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за приватна фирма на автопатот Гостивар-Кичево, информираа од полицијата.
Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.






