4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаРаботни групи усогласуваат закони за токсиколошки испитувања на лекарите

Работни групи усогласуваат закони за токсиколошки испитувања на лекарите

- Advertisement -spot_img

Не се исклучува можноста лекарите да подлежат на токсиколошки испитувања, се разгледува како опција да влезе во пакетот од 12те законски измени во здраството, откако на социјалните платформи протече видео од директорот на клиниката за Неврологија како зборува за употреба на психотропни супстанци.

Премиерот Мицкоски пак со народната тоа што се случи, се случи нема враќање назад. Според него неврологот Кузмановски е со импозантна биографија и било момент на слабост.

Стручна комисија ја проверува работата на неврологот Кузмановски во изминатиов период откако лекарската комора утврдила дека лиценцата му е истечена од март годинава но сепак тој поседувал специјалистичкиот печат валиден до крајот на 2028 година. Од Фондот за здравство пак објаснуваат дека клиниката била должна да достави барање со важечка лиценца издадена од комората и заверена на нотар

– Со оваа процедура, Фондот го утврдува правото на издавање факсимил во согласност со законските прописи и достапната документација. Фондот се обрати до комората за електронско поврзување за преземање на сите активни лиценци, со цел превенција од незаконско работење и фалсификување лиценци за што уште немаме одговор на барањето.

Лекарската комора сега треба да пресече дали ќе му ја продолжи лиценцата на неврологот Кузмановски. Тој пак веднаш откако на социјалните мрежи беше објавено спорното видео се извини дека се работело за момент на слабост и рече дека е постапка со која не се горде и дека било момент на слабост кој не смее да биде пример.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img