Екипата на ПСЖ и денеска официјализираше нов играч. Во прашање е досегашниот напаѓач на тимот на Ајакс, белгиецот, Мика Годтс, кој што пристигнува во трансфер од 45 милиони евра плус десет милиони во евентуални бонуси.
Тој има само 21. година и еден од најперспективните млади напаѓачи во Европа. Потекнува од школата на Андрелхет, пред да се пресели во Генк, и да го направи првиот посериозен пробив.
Следуваше трансферот во Ајакс, каде што играчки екслодираше, и каде што го покажа сиот свој потенцијал.
За белгиските млади селекции одигра десетина мечеви, а за А репрезентацијата на Белгија досега одигра два меча.
Потпиша договор со верност до 2031 година.






